S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Се спроведе едукативна кампања за селекција и рециклирање на отпад пред најмладите ресенчани

Денеска во Ресен во организација на "Нула Отпад" , "Пакомак" , Општина Ресен  како и  основните училишта и детската градинка во општината се реализира едулативна кампања поврзана со управувањето на отпад наменета за најмладата категорија на жители на општината.

 

За основците беше реализирана едукативната театарска претстава "Зелена Планета" која беше наменета за деца од прво до петто одделение, во насока на едукација на најмладите за придобивките од рециклирање и правилен третман на отпадот.Претходно во Детската Градинка 11 Септември во Ресен се прожектираа едукативни цртани филмови за најмладите ресенчани во насока на нивно запознавање од мали нозе со правилниот пристап кон селекција и рециклирање на отпадот.

Марјанчо Дамески од „Нула отпад“ потенцира дека децата се нашите амбасадори, и движечки фактор за промена на навиките и  кај возрасните. –. Се надеваме дека „Зелена Планета“ ќе остави голем впечаток врз децата и дека тие ќе ги пренесат своите импресии врз семејствата, напомена Дамески.. Исто така двете основни училишта во Ресен и детската градинка добија и садови за отпадни батерии кои ќе се постават во нивните објекти.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.