S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка од Градоначалникот Стрезовски по повод празникот Св. Кирил и Методиј

По повод празникот Св. Кирил и Методиј, градоначалникот на општина Ресен , Д-р Ѓоко Стрезовски, упати честитка до  сите граѓани на Општина Ресен и до образовните работници во нашата општина. Меѓудругото во честитката стои:

 

„Почитувани сограѓани,почитувани просветни работници

Со посебно задоволство , на сите  Вас ви  го честитам празникот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Значењето на вонвременското дело на светите браќа Кирил и Методиј и денес од оваа временска дистанца ја покажува непроценливоста на нивната благородна просветна дејност, со која нашиот народ заедно со останатите словенски народи се приклучија кон духовниот и културен растеж на европската цивилизација.

Сите ние, нивните потомци треба да им бидеме благодарни  на браќата мисионери кои на овие македонски простори твореле неуморно и, создавајќи ја првата словенска азбука-глаголицата, на многу народи, вклучувајќи го и македонскиот, им овозможиле на свој разбирлив јазик да го шират христијанското учење.

Просветителите од Солун, со тоа што го отворија патот на словенската писменост, истовремено го развиваа целокупниот цивилизациски напредок, ја ширеа силината на  христијанскиот дух и докажаа дека не постојат големи и мали јазици, како ни големи и мали народи.

Светите браќа Кирил и Методиј не научија како со макотрпна работа се градат големи работи, се создаваат трајни вредности и што е најважно, не научија како треба да постапуваме за да го зачуваме својот јазик, својот идентитет и својата култура

Сеќавајќи се на нивното епохално дело, наша света должност е, во нивна чест да продолжиме да чекориме по нивниот пат и да создаваме уште поголеми вредности со кои ќе придонесеме за целокупниот развој на македонската држава. 

Нека вечно се слават нивните имиња и нека нивните ликови бидат вечна инспирација на сите наредни поколенија." – стои во честитката на Градоначалникот Стрезовски.

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.