S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Очекуваната преспанска туристичка атракција пред финална изведба

Пред почетокот на новата туристичка сезона ,благодарение на Општина Ресен и Министерството за транспорт и врски на нивното ангажирање и интезивни активности , Преспа ќе добие нова туристичка атракција. Пешачко-велосипедските патеки кои ги поврзуваат туристичките локалитети Крани-Сливница-Претор кои и иста патека во т.н. Стење,посебно ќе ги акцентираат новоизградените плажи во Сливница и Стење , а ќе овозможат и  дополнителна вредност за останатите туристички локалитети во Преспа.

 

Во увид на градежно-изведбените работи на терен беше Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, кој во контекст на активностите околу изградбата на патеките, како и во однос на динамиката на изведба истакна:

 

Во досегашниот период, согласно Договорот со изведувачот, фирмата Карпошод Скопје, целосно се довршени работите околу поставувањето на бекатон патеките и разделните ивичници на патеките, а деновиве се поставуваат современи поцинкувани канделабрри по должина на патеките со најмодерни и високофункционални ЛЕД –диоди. Очекуваме во наредните денови да се интензивираат активностите околу асфалтирање на велосипедската патека , да се постават клупи за седење и садови за отпадоци, со што пет километарските патеки како екслузивитет на туристичката карта на Преспа,ќе добијат своја завршница, а Стење и источното крајбрежје ќе добие додатни туристички содржини.. Со оглед на тоа со какво темпо се одвиваат градежните работи, во моментов убеден сум дека роковите кои ги поставивме како императив, ќе бидат реализирани и Преспа, на почетокот на туристичката сезона ќе биде збогатена со нова атракција” – истакна Градоначалникот Стрезовски.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.