S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Претставата „Преспанска модна ревија“ одиграна премиерно во Ресен

Синоќа во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ во кино салата во Ресен, се одржа премиерата на претставата „Преспанска модна ревија“. Ова е четврта аматерска претстава на драмското студио при Домот на културата, овој пат со современ комичен текст за тинејџерскиот живот во Преспа. 

 

 И оваа претстава, како и досегашните, се одигра под покровителство на градоначалникот на Општина Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски. Тој уште еднаш потенцираше дека општината во голема мерка ги поддржува културните активности, особено со акцент на помладата генерација, која и во овој случај, иако во аматерски состав, остави професионален впечаток кај ресенската публика.

Во носечките улоги настапија Анастасија Гочевска како модната креаторка Лилијан и Филип Мицалевски во улогата на ракометарот Зоран. Останатите улоги ги одиграа Наталија Војданоска, Софија Кочовска, Ѓорѓи Котларовски, Дејан Ристевски, Сара Војдановска, Деан Настевски, Александра Трајчевска и Сара Наумовска, а претставата беше збогатен а со модна ревија, на која моделите носеа облека од бутикот Фенси. 

Комедијата „Преспанска модна ревија“ ќе биде прикажана повторно и во текот на денешниот ден, а во наредниот период и престојат гостувања во други градови.Текстот за претставата „Преспанска модна ревија“ е на Емилија Сарафска, која воедно е и сценограф, а режијата е на Васко Василевски. 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.