S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка на Градоначалникот Стрезовски по повод почетокот на рамазанските пости

По повод почетокот на рамазанските пости, Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски упати честитки до сите припадници на исламската вероисповед во општината.

 

Во честитката упатена од Градоначалникот Стрезовски меѓудругото стои:

"Одбележувајќи го почнувањето на постите за големиот празник Рамазан-бајрам, кој според муслиманските верувања е месец на проштавање, истрајност и посветеност кон верата, верувам дека и годинашново празнување ќе помине во духот на споделување на љубов, милосрдие и добрина.Искрено Ви го честитам почетокот на триесетдневниот рамазански пост и Ви посакувам  да го поминете во духот на универзалните човечки вредности, како што се меѓуверската толеранција,взаемното почитување и афирмација на солидарноста и духот на единството меѓу сите луѓе. Нека овој месец Ви биде во знак на почит кон семејството, имајте многу здравје, љубов, бериќет и меѓусебно почитување"

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.