S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Отворени просториите на Здружението "Хумана Преспа" во Ресен

Денеска со пригодна свеченост проследена со изложба на ракотворби од Ирена Пешевска и Гордана Стојановска во Ресен беше отворена канцеларијата на Хуманитарното Здружение" Хумана Преспа".

 

Здружениетокое  во Ресен функционира веќе една година и има за цел да го обедини делувањето за зачувување и унапредување на правата на сите лица со хендикеп и попреченост во Општина Ресен. Просторијата во која е сместена канцеларијата на Хумана Преспа на користење ја доби од страна на Советот на Општина Ресен.Опремувањето на истата е резултат на донации и волонтерско работење и помагање како и на средства собрани од Хуманитарни акции.

На отворањето на канцелариите Претседателот на Здружението Гордана Пешевска ги потенцира достигнувањата кои ова здружение ги има постигнато , како и нивната заложба  во соработка со поголем број на институции и поединци да овозможат поквалитетна интеграција на лицата со попречености во локалната заедница.

На свеченото отворање се обрати и Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски кој меѓудругото истакна дека општината секогаш наоѓала можности да го помогне здружението и со обезбедување на работен простор и со заедничка организација нахуманитарни акции . Стрезовски , исто така,  истакна дека соработката преку спроведување на проектот за Општинско Корисно Работа кој се реализира со Здружението Мобилност од неодамна е збогатено и со градење на партнерски однос и со здружението Хумана Преспа. Во своето обраќање пред домаќините и присутните гости од повеќе институции, Градоначалникот на Општина Ресен потенцира  дека и во иднина општината ќе биде отворена за соработка и секогаш ќе е искрен поддржувач на иницијативите кои се насочени кон градење на инклузивна локалана заедница.

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.