S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Шампионот Недановски на прием кај Градоначалникот Стрезовски

Ресенскиот ракометен бисер, членот на Европскиот Ракометен Шампион – Вардар, Влатко Недановски  по враќањето во својот роден град  Ресен ,денес оствари средба со Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски и со преставници од Кабинетот на Градоначалникот на Општина Ресен.

 

На приемот , Градоначалникот Стрезовски упати искрени честитки за големото задоволство и радост кои ракометарите на Вардар им го приредија на целата македонска нација со освојувањето на европскиот ракометен трон, посакувајќи Вардар и македонскиот ракомет и во наредните сезони да останат наша македонска спортска гордост.

Меѓудругото на приемот во кабинетот на Градоначалникот Стрезовски, начелно беше договорено во идниот период, спортско промотивната кампања кај најмладите преспани , која општина Ресен планира да ја спроведе за масовно  вклучување на најмладите преспанчани во спортот и спортските активности да ја предводи токму ресенкиот ракометен шампион Влатко Недановски

Чест ми е што оваа заедничка  радост  имам прилика  да ја споделам  и со моите сограѓани кои одсекогаш максимално ми ја давале својата поддршка.Златниот медал од Келн е медал и за сите граѓани на Преспа. Токму затоа и понудата од Градоначалникот Стрезовски, со кој како поранешен ракометен работник делиме иста визија за развој на спортот во Преспа , за промоција на спортските вредности кај најмладите со задоволство ќе  ја прифатам со надеж дека оваа наша спортска Преспа и во иднана ќе дава европски и светски шампиони – истакна Недановски.

 

Инаку вечерва за во 21 и 30 предвидено е радоста од освојувањето на златниот медал Недановски да ја сподели со сите граѓани во кафе барот Сквер во Ресен.

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.