S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

По четврти пат Тур де Галичица во Преспа

Во недела на 18 јуни 2017 година  со почеток од 9 часот од Градскиот плоштад Цар Самоил во Ресен ќе стартува овогодинешниот настан Тур де Галичица”   во организација на Велосипедскиот Клуб Преспа Бајк од Ресен и помогнат од Општина Ресен .

На овогодинешната велосипедска тура низ Преспа и низ Националниот Парк Галичица, учество ќе земат повеќе од 250 рекреативци од сите краеви на државата. Оваа година од страна на организаторите најавени се и новини во настанот, но и измени кои ќе бидат дел од тридневневното дружење кој всушност започнува на 16 јуни со поставување на камп на учесниците на местото викано Починалиште во Ресен .  Организациски останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица која започнува од Ресен во вкупна должина од 71 километар,а новина е најава за планинарска тура до највисокиот врв на планината Галичица, (Магаро 2255 м.н.в). 

За сите учесници во сабота најавен е музички хепенинг во м.в. Касарна во Ресен  каде учесниците ќе ги добијат и натпреварувачките пакети обезбедени од организаторот.

 

Инаку Тур де Галичица оваа година се организира по четврти пат и според еден од одговорните во организацијата на настанот Кристијан Ќулумовски покрај дружењето, рекреацијата основна цел на настанот е да се даде силен допринос кон промоција на природните убавини на Преспа во функција на развој на туризмот во ова подрачје.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.