S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

ГОСФ ТРАНС од Скопје победници на турнирот во Мал Фудбал во Ресен

Во драматично финале како што доликува на Меѓуопштинскиот Турнир во мал Фудбал , синоќа во Спортската сала Зоран Стојановски во Ресен заврши деветнаесетиот по ред турнир во мал фудбал на кој учество зедоа 16 екипи од повеќе градови во земјата.

 

По изиграни две полувремина , во големото финале, резултатот помеѓу ГОСФ ТРАНС и Цермат Ветаџока беше 2-2, по што поуспешни во изведувањето на пенали беа играчите на ГОСФ ТРАНС кои го освоија турнирот и ја понесоа главната парична награда од 100 000 денари. За второпласираната екипа наградниот фонд беше 50 000 денари. Претходно во малото финале играчите на Портал од Битола беа поусшени од Мистер И од Охрид и го освоија третото место и наградниот фонд од 20 000 додека пак охриќани како четвртопласирани добија 10 000 денари.

Претходно во ревијален натпревар Ветераните на Лирија од Грнчари беа подобри од ветераните на ФК Преспа,

Значајно е да се напомене за овој трунир дека нивото на квалитет посебно во завршните натпревари беше висок , што е доказ дека овој настан станува се поатрактивен за учество на поголем број на квалитетни тимови во мал фудбал од целата држава.

повеќе фотографии ОВДЕ

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.