S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Над 300 учесници на велоспиед беа дел од Тур де Галичица 2017

Вчера со почеток од 09 часот од Градскиот Плоштад Цар Самоил стартуваше четвртата по ред велосипедска тура Тур де Галичица 2017 година во организација на Велоспидскиот клуб Преспа Бајк од Ресен а помогнато од Општина Ресен. Повеќе од 300 учесници се придружија кон турата која во должина од 71 километар нудеше вистиско адреналинско уживање.Околу 17 часот на целното место во Ресен започнаа да пристигнуваат учесниците кои ја извозија патеката која според нив е една од поатрактивните оф – роуд патеки во Македонија.

 

Покрај стандардната тура со велосипеди , оваа година имаме планинарска тура до највисокиот верв на Галичица, Магаро. Голем број од денешните учесници на Тур де Галичица се токму тука за да планинарат низ една од најубавите македонски планини.- изјави Кристијан Ќуљумовски претседател на Преспа Бајк – Ресен.

Од Општина Ресен подржувајќи ја манифестацијата, тврдат дека истата е пред се во насока на додатна промоција на Преспа пред домашните и странските туристи.

 

Се поголем број пред се на млади луѓе учествуваат на велоспидеската тура низ Галичица, всушност популаризацијата на велосипедизмот има се поголемо значење за Ресен и Преспа , Овие два дена Ресен и Преспа живеат за Тур де Галичица и сметам и догодина со уште поголем број на учесници дека  ќе ја дочекаме и одбележиме Тур де Галичица – Истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.