S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Стојан Поповски најдобар на Триатлон првенството во Отешево

Денеска во Отешево на плажата пред хотелот Лејк Вју се одржа Националното Првенство во Триатлон – Преспа 2017 година.Организатор на настанот беше Триатлон федерацијата на Македонија подржано од Општина Ресен , Агенцијата за млади и Спорт и Македонскиот Олимписки Комитет.

 

 На настанот преку шеесет учесници од повеќе спортски клубови во државава  се натпреваруваа во пливање,велосипедизам и трчање во мастер,сениорска и  кадетска категорија .

Најдобар во мастерс категоријата беше Стојан Поповски од Скопје.Инаку трката се бодува за Шампионатот на македонија во Триатлон.

Овој настан кој денеска се организира во Отешево е продолжение на нашите заложби да Преспа во својата туристичка понуда ги вклучи и спортските манифестација како дел од  активностите за зголемување на туристичката конкурентност . Триатлонот- Преспа 2017 , е надоврзување на минатонедалната велосипедска тура Тур де Галичица, во аво текот на летото во Преспа ќе се одржат и државниот натпревар во далечинско пливање и трката Прв до Врв , со што имаме интенција Преспа да ја дефинираме на мапата на спортскоавантуристички настани во нашта земја.Општина Ресен ќе продолжи да ги подржува овој тип на настани  и се надева дека иститѕе ќе пррераснат во традиција.- истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.