S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Во Ресен се одржаа 22 регионални пензионерски спортски натпревари

Денеска во Ресен , во обејктите на СОУ Цар Самоил се одржаа 22 Регионални Спортски Пензионерски Натпревари. на манифестацијата свое учество зедоаа над 300 пензионери од Прилеп, Битола, Крушево , Демир Хисар и домаќините од Ресен. 

 

Победниците од 11 дисциплини меѓу кои шах, пикадо,влечење јаже, фрлање ѓуле и др, ќе го преставуваат регионот на Републичките пензионерски спортски натпревари кои ќе се одржаат оваа година на 2 Септември во Кочани.

На денешниот настан успех во натпреварите им посака ресенскиот градоначалник д- Ѓоко Стрезовски кој меѓудругото истакна дека Општина Ресен има чест денеска да биде домаќин на спортските пензионерски игри и дека особено радува фактот што голем број на пензионери активно и во духот на спортот ги минуваат пензионерските денови. За овие и други активности општината стои на располагање и понатаму да ги поддржува активностите на пензионерските здруженија како мал придонес во подобрување на квалитетот на живот на највозрасните наши сограѓани.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.