S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Марија Милојковска прогласена за најдобра ученичка во генерацијата 2013-2017

Синоќа во ресенскиот Амфитеатар во м.в. Починалиште се одржа 15 јубилејна манифестација на доделување на дипломите за завршена матура на ресенските средношколци насловена Најдобри од Најдобрите”.

 

На оваа манифестација вкупно 107 ресенски матуранти  од генерацијата 2013-2017 и формално го заокружија својот образовен процес во средното општинско училиште во Ресен.Согласно критериумите претходно утврдени од страна на комисијата за ибор на најдобрите ученици во генерацијата 2013-2017 година , за најдобар ученик на генерацијата со освоени над 800 поени беше прогласена Марија Милојковска која покрај континуираниот одличен успех во целокупното свое школување е учесник и добитник на поголем број награди од школски натпревари на локално , регионално и национално ниво.

 

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Ресен  д-р Ѓоко Стрезовски кој доделувајќи лап-топ комјутер на најдобриот ученик на генерацијата  на ресенските матуранти им посака успех во понатамошните животни предизвици и потенцира дека целатѕа локална заедница би била најсреќна кога нивното знаење кое ќе го стекнуваат во понатамошните фази на животот  би можеле да го употребуваат во своето родно место притоа градејќи подобра и попросперитетна Преспа.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.