S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Обука на тема ГАП стандарди

На 7-ми јули (петок) во 17.30 часот во големата сала на Собранието на Општина Ресен ќе се одржи обука на тема ГАП стандарди (Добра земјоделска и хигиенска пракса) во организација на Локалната акциона група ЛАГ Преспа. Стручниот тим на ЛАГ Преспа ќе ги обучи земјоделците од преспанскиот регион за водење на евиденција на активностите кои ги вршат во своите земјоделски стопанства со помош на дневници кои ќе бидат поделени на настанот. Обуката е бесплатна и отворена за сите заинтересирани земјоделци од преспанскиот регион, а особено се препорачува за оние кои имаат аплицирано на повикот бр.1 од ИПАРД програмата.

 

 При аплицирање за добивање средства од ИПАРД-2 програмата,секој апликант пополнува изјава дека е запознат со минималните стандарди за Добра земјоделска и хигиенска пракса и истите ги применува.Нашиот стручен тим ќе изврши обука на сите заинтересирани земјоделци за начинот на водење на таа евиденција.

 

Со оваа обука започна проектот „Добра земјоделска пракса во јаболковото производство“ во чии рамки во [јули и август ќе се одржат14 бесплатни земјоделски обуки на тема ГАП стандарди. Проектот го спроведува ЛАГ Преспа од Ресен со финансиска поддршка од проектот „Овозможување операционализација на ЛЕАДЕР во Македонија“, финансиран од амбасадата на Швајцарија во Македонија и спроведуван од Асоцијацијата за иновации во руралната економија (www.aire.mk).

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.