S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Одржана манифестацијата Иванки во Ресенскиот Сарај

Денеска во Дворот на Ресенскиот Сарај  петти пат по ред  се одржа традиционалното одбележување на празни кот Иванден согласно традициите кои во чест на овој празник се спроведуваат во Преспа.

 

 Имено во повеќе населби во градот последните денови се изработуваа кукли-Иванки кои се поставуваат на прометни места и каде  децата и младите пеат посебни иванденски песни.Овие  беа изложени  на бината во Домот на културата, а Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на изработувачите на овие кукли им врачи пригодни награди.Во склоп на манифестацијата поголем број на деца од Ресен  имаа музичко сценски настап со сопствени песни а настанот предизвика интерес не само кај најмладите ресенчани туку и кај нивните родители. Инаку манифестацијата Иванки во организација на Домот на Култура Драги Тозија се одржува петта година по ред.На  годинешната манифестација учествуваа и дел од корисниците на услугите од проектот за Општинско Корисна Работа , т.е. деца со телесен инавлидитет  кои изработија кукла Иванка и кои беа придружувани од своите даватели на услуги на самата манифестација.

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.