S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Се санираа коловозите во Ресен од оштетувањата направени со ископите од реконструкција на водоводот

Од вчера, изведувачот на активностите за реконструкција на водоводната мрежа во Ресен , фирмата Марковски K-73од Струга започна со санирање на коловозите на улиците 29 Ноември и 11 Октомври, на местата каде што истите беа оштетени од ископите заради реконструкцијата на водоводниот систем во градот.

Општина Ресен како носител на градежно-изведбените работи прави максимални напори за довршување на првата фаза од реконструкцијата на градскиот водовод, со комплетна замена на азбестниот цевковод во должина од над 8 км, изведба на секундарната мрежа, како и поврзување на индивидуалните приклучоци до граница на сопственост на корисниците, активности кои ги реализира изведувачот во содејство со ЈКП Пролетер од Ресен .

Целосната изведба на првата фаза од реконструкцијата на водоводниот систем, според утврдената динамика, се очекува да се заврши до крајот на идниот месец.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.