S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Косовската претстава "Анонимус Венис" најдобра на фестивалот Актер на Европа 2017

Синоќа во прекрасниот амбиент на ресенскиот Сарај заврши 15-то јубилејно издание на Интернационалниот театарски фестивал - Актер на Европа 2017. Во изминатите шест дена ресенската театарска публика имаше можност да проследи седум тетарски дела со актери од Романија, Србија, Хрватска, франција, Грција, Косово и Македонија, кои оставија извонреден впечаток пред ресенската публика а фестивалското жири во состав Мето Јовановски, доц. Лиљана Плевнеш, доц Гоце Ристовски и  режисерот Мартин Кочовски има навистина тешка работа да ги распределат овогодинешните награди.

 

Наградата Гран при  за најдобра претстава во целина се додели на претставата ,Анонимос Венис`` , по текст на Џузепе Берто, во режија на Дрита Беѓоли од театарот Додона, Приштина.

Наградата за најдобра улога на фестивалот ја освои   Снежина Петрова, актерка од Република Бугарија за нејзиниот монодрамски настан . ,, Не јас``  работен по мотиви на Семјуел Бекет. 

Наградата  за креативна, жива , комуникативна, актерска игра  и исклучителна интеракција со публиката,  со спектакуларна трансформација и игра која плени и воодушевува жирито ја додели на монодрамата ,, Животот е лото `` во изведба на Моника Ромиќ.Традиционалната награда што го носи името на легендарниот театарски деец, Жак Лакариер, кој се вгради себе си во темелите на  фестивалот, годинава и припадна на Француската престава ,, Екстремофил`` .За колективна игра која плени со својот креативен дух на младите студенти преставата "Идиот"   студентите од Букурешкиот Универзитет ја освоија наградата "Млада Европа", додека пак наградата Наум Манивилов Преспански ја освои Штипскиот Народен Театар за делото " Отворач на Конзерви''

На затворањето на фестивалот , Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски истакна дека како и секоја година во јули во Ресен сме сведоци на театарска револуција која никого не остава рамнодушен . Со секое завршување на фестивалот ни останува исчекувањето за секој нов нареден фестивал и познавајќи ја енергијата на организаторите , Стрезовски е убеден дека секое ново издание на Актерот на Европа се повеќе ја  етаблира оваа културна манифестација со обединувачки карактер  во мапата на значајни културни збиднувања кои се одржуваат во нашата држава.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.