S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Започна Преспа Урбан Фест во Ресен

Со настап на рнб двоецот ДНК синоќа на Градскиот Плоштад  Цар Самоил во Ресен започна годинешното издание на Преспа Урбан Фест. Посетителите на оваа манифестација која е во организација на општина Ресен во соработка со дел од угостителските објекти во градот имаа можност да уживаат во промоцијата на новиот албум на еден од најпопуларните македонски музички бендови.

Преспа урбан фест преминува во традиционална манифестација, оваа година ни се случува извондредна атмосфера тука на Градскиот Плоштад во Ресен кои ја создваат големиот браој на млади луѓе присутни вечерва на концертот на ДНК. Во широкиот колорит на културно забавни создржини кои се случуваат во Преспа во летниот период , Преспа Урбан Фест има централно место и се надевам дека истата ќе ги задоволи вкусовите на сите оние кои је го посетат оваа дводневна забава во Ресен. Општината има интенција да продолжи со организација на вакви и слични настани , се со цел дел од културните настани да се стават во функција на туризмот.- истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

Драго ми е што веќе втора година по ред сме тука на овој настан во Ресен , кој е мал град но е еден од ретките кои се грижи за популаризација на македонската музика и артисти преку кунтинуирано ангажирање на македонски изведувачи на манифестациите во организација на општината што е секако за поздравување. Секоја година кога доаѓам тука и поминувам низ настапи гледам дека овој настан станува се подобар и подобар и поскаувам да се продолжи така и верувам дека ќе биде се како што треба – изјави Панчо од ДНК.

Инаку на годинешниот Преспа Урбан Фест кој се одржува два дена во Ресен настапи покрај ДНК имаат и бендовите Екстравагаза, Ние запирка Другарите , Влатко Лозановски , Градуст Бенд и други локални бендови.

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.