S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка на Градоначалникот Стрезовски по повод Илинден

Почитувани Сограѓани,

Илинден, е симбол на победата на македонскиот непокор.

Денес, Република Македонија одбележува 114 години од Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ.

 

Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зашто врз темелите што тие ги поставија опстојува современа и самостојна Република Македонија.

Наша обврска е да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.Во реализација на тие заложби секој од нас треба да го даде својот максимум бидејки вредностите кои сакаме да ги изградиме во исто време бараат колективна акција заснована на принципите на трудољубивост,меѓусебно почитувани,вреднување на традицијата и обединување кон  заедничка визија.

На сите жители на Општина Ресен, како и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник.

Нека ни е честит Илинден!

Да ни е вечна Република Македонија!

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.