S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Петар Темелковски во Петок во Ресен ќе настапи со "Песни за Татковината" посветена на Никола Јонков Вапцаров

Актерот Петар Темелковски во Петок на 18.08.2017 година со почеток од 20 часот во дворот на ресенскиот сарај  ќе им се претстави на ресенчани со монодрамата „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, која премиерно беше изведена во фебруари оваа година   во Велес.

 

- Вапцаров е редок поет кој е преведуван на стотина јазици. Тој е поет на целиот свет, бидејќи напишал толку многу песни за својата земја и воопшто за праведно човештво, истакнува Темелковски нагласувајќи дека Вапцаров преку повеќе случки од својот живот докажал дека е голем патриот и храбар човек.

Авторскиот проект на Петар Темелковски, работен по повод 75 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, хуманист и поет, Никола Јонков Вапцаров, во Ресен го реализира под покровителство на Општината и за претставата во Ресен  влезот ќе е бесплатен.

Никола Јонков Вапцаров е роден на 7 декември 1909 година во Банско, Пиринска Македонија, а бил стрелан на 23 јули 1942 година. За време на неговиот живот била објавена неговата збирка поезија „Моторни песни“, а потоа по паѓањето на фашизмот во Бугарија и „Антологија“ и книгата за деца „Пролет“. Никола Јонков Вапцаров во 1952 година посмртно бил добитник на почесната меѓународна награда за мир.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.