S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Очет за четиригодишно работење на Општина Ресен- реализирани преку 180 проекти

Превземено од http://www.resen.gov.mk/

Денеска во просториите на Општина Ресен , Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски го презентира сработеното во периодот од 2013-2017 година.Меѓудругото во своето обраќање Стрезовски истакна:

 

Иако во програмата, која граѓаните на Општина Ресен ја изгласаа во 2013 година беа зацртани за реализација 77 проекти, во текот на четирите години исполнети со посветеност и ангажираност, реализирани се над 180. Работевме со сиот капацитет на подобрување на патната, комуналната, туристичката, спортската инфраструктура, на заштитата на животната средина, на промоцијата на преспанските културни вредности, на поттикнување на современото земјоделство, на развојот на образованието, на обезбедувањето услови за економски напредок, како и на многу други активности насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Општина Ресен, нагласи на Прес- конференцијата одржана по повод промоцијата на Отчетот за сработеното во изминатите четири години, Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко  Стрезовски.

Во изминативе 4 години во Преспа се инвестирани речиси 40 милиони евра, од кои добар дел за капитални проекти, од кои пак дел имаат историско значење за општината и нејзините граѓани.

Во завршна фаза е првиот дел од проектот за целосна реконструкција на градскиот водовод во должина од 8 километри, каде со замена на стариот азбестен цевковод со нови ПВЦ-профили, граѓаните на Ресен  добиваат чиста и здрава вода за пиење, се елиминираат досегашните огромни губитоци на вода во системот, а честите дефекти на водоводната мрежа се сведуваат на минимум.

Се изврши целосна реконструкција на системот за улично осветлување во Преспа, при што сите 2.500 живини и натриумови светилки беа заменети со современи, енергетски ефикасни ЛЕД-диоди, со што општината доби еден од најсовремените и најфункционалните системи за улично осветлување во државава.

Целосно е реконструиран магистралниот патен правец Битола-Ресен-Буково во должина од над 27 километри.

Изнајден е стратешки инвеститор и изграден е Откупно-дистрибутивен центар за откуп и складирање на јаболка, со капацитет до 10.000 тони, инвестиција вредна околу 5 милиони евра. А во ИЗ која се наоѓа на просторот на поранешниот Преспатекс, изминатиов период се откупени десетина локации каде веќе се изградени неколку мали претпријатија и погони, главно од областа на преработките на овошје, но и други дејности и во кои се веќе вработени околу триста граѓани на Преспа.

Изградени се две современи и модерно уредени плажи на брегот на Преспанското езеро – во Стење и во Сливница, инвестиција вредна над 77 милиони денари.

 Изградени се две пешачко-велосипедски патеки (Претор- Сливница- Крани и во Стење) во вкупна должина од околу 5,5 километри, и во вредност од околу 53 милиони денари.

Од проектите со капитално значење, реализирани во текот на изминатиот 4-годишен период, би ги издвоиле: изградбата на станбена зграда за социјално ранливи категории граѓани, во вредност од над 27 милиони денари; изградбата на монументалниот Спомен-музеј на Татарчеви во вредност од над 16 милиони денари; изградбата на Мониторинг-центарот во Стење со пристаниште, платформа и набавка на Еко-брод, во вредност од над 50 милиони денари ; изградбата на мултифункционалното спортско игралиште во ресенската населба Црквиште, вредно околу 7 милиони денари ; изградбата на тенискиот терен во ОУ ,,Гоце Делчев” со вредност од над 5 милиони денари ; реставрацијата на Излетничко-спортско-рекреативниот комплекс ,,Починалиште” и изградбата на отворената фитнес-зона, во вредност од околу 6 милиони денари ; реконструкцијата на зградата на Општина Ресен со добивање функција на енергетски ефикасен објект, во вредност од околу 6 милиони денари ; изградбата на централната постројка за третирање на биоразградлив отпад – Компостара, во вредност од околу 50 милиони денари...

Во изминативе 4 години Општина Ресен со инвестиции на Владата на Република Македонија, но и со средства од сопствениот буџет успеа да изгради или да реконструира околу 22,5 километри локални патишта и улици во Преспа.

            Вкупната должина на новоизградените фекални канализациони системи е околу 15,5 километри.

            Реконструтивните зафати од областа на водоснабдувањето во Преспа се реализирани во должина од над 15 километри.

            Изграден е нов блок во Детската градинка ,,11-ти Септември” во Ресен, во вредност од околу 3 милиони денари.

            Реализацијата на проектот за заштита на Преспанското езеро на Општина Ресен и донесе инвестиции од над 6,5 милиони швајцарски франци.

 

 Заради нашата посветеност, заради чесниот и искрен однос и пристапот кон работата и кон сограѓаните, заради сето она што го создадовме и го реализиравме во текот на изминатиот 4-годишен период, повторно ќе излеземе пред граѓаните на Ресен и Преспа, со високо крената глава и со право повторно ќе ја побараме нивната доверба, на крајот истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски. 

Целосно обраќањето може да го прочитате ТУКА

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.