S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Нов блок и инклузивно игралиште во Детската Градинка во Ресен

Денеска Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски изврши посета на Детската Градинка 11 Септември во Ресен каде беа промовирани два нови проекти : Проктот за изградба на нов дополнителен блок за згрижување на деца во рамките на ресенската детска градинка , кој Општина Ресен го реализира со сопствени средства во износ од околу 3 милиони денари и кој ќе значи зголемување на капацитетот на градинката за дополнителни 30-на деца.

 

-       Мометално во ресенската градинка се згрижени околу 140 деца , но радува фактот што последните година се појави потреба од проширување на капацитетите заради зголемениот број на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинката – истакна Градоначалникот Стрезовски.

Истовремено , беше промовиран и стартот со работа на новото Детско инклузивно игралиште , кое Општина Ресен го изгради во дворот на Детската Градинка во Ресен во соработка со Здружението на лица со Телесен Инвалидитет Мобилност и со Министерството и Труд и Социјална Политика на Република Македонија.

-          Значењето на овој проект ќе биде насочено кон користење на игралиштето од страна на лицата згрижени во Центарот за лоица со посебни потреби во Ресен , како и на сите деца од детската градинка , лицата корисници на услугите од прокетот Општинско Корисна Работа , како и на сите деца со поречености во Ресен.Проектот е вреден околу 600 илјади денари а со значаен дел во истиот партиципираше Општина Ресен – истакна Градоначалникот Стрезовски.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.