S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Одржана Свечена Седница по повод 73 години од ослободувањето на Ресен и Преспа

Денеска во Големата сала на Општина Ресен се одржа Свечена Седница на Совет на Општина Ресен со која претседаваше Претседателот на Совет Д-р Менде Пашковски. Свечената седница се организира во чест на 73 години од Ослободувањето на Ресен и Преспа и 26 години од Независноста на Република Македонија

 

 Со оддавање на почит со едноминутно молчење, Советниците, Организацијата на Борци од Преспа, поголем број на јавни личности, бизнисмени и граѓани од општината се присетија на овие два значајни датуми од историското минато на Преспа и Република Македонија.

Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски во Својот елаборат пред присутните честитајќи ги овие два големи јубилеји се задржа на славното историско минато на Преспа се задржа на севкупните достигнувања во општината но во исто време се осврна и на дел од актуелните предизвици и проблеми со кои се соочува локалната заедница.

На тој наш пат не смееме да заборавиме дека, каква Македонија ќе градиме, таква и ќе ја имаме, каква Преспа ќе градиме, таква и ќе ја имаме. Затоа, во сè што правиме, да го вложуваме најдоброто од нас. Како родители и деца, како соседи и пријатели, како учители и ученици, како работодавачи и вработени. Да бидеме полни со љубов, жедни за знаења и посветени на успехот.Да останеме верни на вековната традиција на соживот, преку меѓусебно разбирање, прифаќање и почитување.

Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Египќани и сите други останати заедници кои живеат во Преспа!

Почитувани христијани, муслимани и верници од другите концесии!

Нашето многуетничко, многујазично и многурелигиско општество има вредности кои за други општества се сè уште предизвик и непознаница. Вредности што треба да ги заштитиме и да ги негуваме.Вредности, како што се чесноста, почитувањето на разликите, прифаќањето на различноста, меѓусебното разбирање. Вредности што им овозможија на нашите предци да живеат во мир, слога и разбирање, независно од тоа на која етничка, верска или јазична група ѝ  припаѓаат. Вредности што им овозможија на нивните деца заедно да играат, да растат и да напредуваат. Вредности што нè прават различни од другите. Вредности кои не само што треба да ги заштитиме, туку треба и да им ги пренесуваме на нашите деца.

Затоа, денес, во деновите кога ја славиме независноста и ослободувањето, Ве повикувам да ја почитуваме Македонија со сите нејзини специфичности. Да ја сакаме Македонија со сета нејзина различност.

А, Македонија и Преспа, почитувани, се сакаат токму со конкретни дела, со остварување и реализирање на проекти кои животот на Преспанчани ќе го направат поубав и поквалитетен. Токму по таков пат, почитувани Преспанчани, ние всушност и се движиме и никогаш и по никоја цена нема да отстапиме од него. Квалитетот на Вашето живеење за нас секогаш ќе биде на пиедесталот на нашите размислувања, напори и ангажмани. Нешто кон кое ќе се стремиме во сите наши делувања.” – истакна Градоначалникот Стрезовски во дел од своето обраќање.

 По свечената седница делегации положија свежи цвеќиња на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад и на поголем број споменици низ општината.

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.