S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Доделени Општинските Награди и Признанија - Генц Седалиу од с.Крани најуспешен овоштар

На последниот ден од овогодинешниот  Преспански Jаболкобер 2016 во организација на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на свечениот коктел организиран во ресенскиот ресторан" Две Лири" беа доделени општинските награди и признанија  за 2016 година. На истата свеченост беа прогласени и најуспешните земјоделци за 2016 година и тоа во категории најдобар овоштар, најдобар овоштар – жена и најдобар млад овоштар.

 

Генц Седалиу од с. Крани од страна на Комисијата за доделување на награди на земјоделци е прогласен за Најдобар Овоштар во Општина Ресен за 2016. Примајќи ја наградата и признанието г-дин Седалиу  заблагодарувајќи се истакна дека покрај што е ова јавно признание за неговата макотрпна и посветена работа како овоштар ,  истото преставува и додатен мотив и обврска да попосветено продолжи со својата работа.

Најдобар млад овоштар во Општина Ресен за 2016 година е прогласен Николче Димовски , додека пак најуспешна Жена Овоштар за 2016 година е прогласена г-ѓа Ирена Танчевска.

На завршната маниферстација беа доделени и општинските награди за промоција на Општина Ресен во 2016 година и нив ги добија:

Џудо Клуб Преспа од областа на спортот, заради повеќегодишниот континуиран придонес кон афирмација на спортот кај младата популација во Општина Ресен,

Плажа Конект Сливница од областа на туристички развој, заради давањето на доприност во туристичка афирмација на Општина Ресен преку своите инвестиции  на плажата во Сливница и популаризација на туристичките вредности на Преспа

Територијалната Против Пожарна единица Ресен од областа на заштита и спасување, заради повеќедеценискиот допринос кон зачувување на животите и имотите на граѓаните на Општина Ресен

Меѓународниот театарски фестивал Актерот на Европа  во областа на културата, заради промоција на општина Ресен на културен план преку своето 15 годишно егзистирање во Општина Ресен, како и

Кеес и Јохана Барс, брачен пар од Холандија во областа на хуманоста,заради долгогодишниот придонес во достава на хуманитарна помош во вид на лекови,реагенси,материјали и опрема  за Завод за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања- Отешево.

  

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.