S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Во Ресен се промовира завршувањето на реконструкцијата на општинската административната зграда

Петок, 27 јуни 2014: По неколкумесечна интензивна работа, денеска во Ресен се промовираше завршувањето на реконструкцијата на општинската административната зграда. Со примена на најсовремените мерки на енергетската ефикасност, овој објект, не само што сега има целосно нов изглед, туку веќе ги генерира очекуваните заштеди.

 

„Значителните енергетски загуби на општинската зграда беа главната причина за високите сметки за нејзино греење и ладење. Тоа претставуваше значајно оптоварување за општинскиот буџет. Ефектите од спроведените мерки се повеќекратни и веќе мерливи, во финансиска и еколошка смисла“, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен.

Реконструцијата на објектот е овозможена благодарение на финансиската и техничката поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро. Станува збор за еден иновативен пристап на обезбедување на средства за заштита на овој иклучително важен езерски екосистем, преку инвестиции во енергетската ефикасност

„Овој потфат е одличен пример на искористување на позитивните финански ефекти на енергетсктата ефикасност во подобрувањето на заштитата на природните ресурси. Значителните заштеди што во континуитет ќе ги генерира намалената употреба на електрична енергија и други енергенси, ќе се преточат во инвестиции за заштита на еден од најважните езерски екосистеми во светски рамки“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон.

Годишните заштеди од спроведените мерки, со проценета вредност од околу 15,000 евра, Општината Ресен има намера да ги користи во обезбедување на одржливо функционирање на езерската мониторинг станица во с. Стење. Работата на мониторинг станицата, чијашто изградба е во тек, ќе биде од еден од клучните елементи на идната заштита на Преспанското Езеро.

Овој реконструкциски потфат, со вкупна вредност од околу 100,000 евра, вклучува целосна изолација на објектот со примена на најсовремена термоизолациона фасада, комплетна промена на столаријата (прозорци и врати) и реконструкција на покривот со примена на дополнителна изолација. Дополнително, променети се старите азбест-цементни покривни плочи со нови, од природни материјали.

Со вкупна вредност од 6.3 милиони Швајцарски франци, Проектот за заштита на Преспанското Езеро, во рамките на кој се спроведуваат овие, но и други бројни иницијативи, претставува еден од најзначајните проекти во целокупниот регион. Неговата реализација, покрај директниот придонес кон заштитата на овој глобално значаен езерски екосистем, има позитивно влијае и врз неговиот социо – економски развој.

 

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.