S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Соопштение бр.26/2014 од Служба за прогноза и сигнализација

Врз основа на податоците добиени од агрометереолошките станици, се оценува дека во реоните на Јанковец и Ресен се создадоа услови за 85 % силна конидиска инфекција на фузикладиум, во реонот на Лавци има 80% услови за силна конидиска инфекција, додека во реонот на Горно Дупени има 95% услови за силна конидиска инфекција на фузикладиум а во реоните на Езерени и Крани нема услови за инфекција од фузикладиум.


Доколку производителите имаат истретирано во предходниве неколку дена, нема потреба да третираат. 
Додека оние производители кои немаат третирано се препорачува во наредниве два до три дена штом дозволат временските услови да извршат третирање со мезосистемични или системични фунгициди во комбинација со контактни фунгициди. 
Препорачани активни материи за сузбивање на краставоста: Пираклостробин + Боскалид, Фенбуконазол, Крезоксим – метил, Трифлоксистробин, Миклобутанил , Дифенконазол, Пириметанил + Флуквинконазол и други.
Врз основа на податоците кои се добиени од феромонските мамци, во реоните на Царев Двор и Долно Перово е надминат економскиот праг од 5 – 7 пеперутки на јаболковиот црв во текот на една недела по феромон. И затоа се препорачува да се изврши третирање со соодветни инсектициди (наменети за сузбивање на јаболковиот црв) во периодот од два до три дена.
За сузбивање на јаболковиот црв може да се користат инсектициди со следниве активни материи: Дифлубензурон, Тефлубензурон, Трифлумурон, Новалурон, Луфенурон, Флуфеноксурон, Спиносад, Тиаклоприд, Флубендиамид, Метоксифенозид, Хлорантранилипроле и други.
Ресен, 28. 06. 2014

Здружение на овоштари “Благој А. Котларовски”
Служба за прогноза и сигнализација
Дипл. Земј. Инж. – Фитомедицина Ефтим Петковски
Контакт:
Тел. 078 – 389 – 897
e – mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.