S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Прекугранично Писмо од PrespaNet

PrespaNet мрежата од невладини организации од областа на екологијата од тритте држави кои го делат Преспанското езеро во насока на афирмирање на нивните активности до сите жители на прекуграничниот регион Преспа испратија Писмо кое го пренесуваме во целост

 ``Драги пријатели од прекуграничниот Преспански регион,

Живееме во област со глобална слава поради неколку причини. Птиците, дрвјата, традиционалните села, споменици, панорамските пејсажи и островите компонираат магична глетка за посетителите. Човекот е тука присутен уште од историско време и денеска околу 24.000 луѓе живеат покрај малото и големото Преспанско езеро. Овие луѓе ги делат истите природни ресурси како почвата и водата, така да, што и да се случи во една земја истото ќе влијае и на другата. Жителите и владите на трите земји мора да ја заштитат и унапредат оваа област.

Парк Преспа

Важен чекор за меѓуграничната соработка се случи на 02. февруари 2000 година кога прекуграничниот преспа парк беше основан од премиерите на трите држави. Десет години подоцна, во 2010 година трите земји и европската унија потпишаа договор но Грција сеуште го нема ратификувано тој договор.Додека прекуграничниот преспа парк сеуште не е основан, важните прашања, како што е управувањето на водите на Преспа кое ги засегаа жителите на оваа област и за кое е потребен прекуграничен третман, се решаваат многу бавно.

Во оваа неповолна околност, PrespaNet како нова иницијатива од страна на цивилното општество, ја подржува прекуграничната соработка и преспа како единствена еколошка целина.Во преспанет членуваат по една невладина организација од секоја земја, и тоа:

- Македонско Еколошко Друштво ( http://mes.org.mk/nov-sajt/ ) - Р.Македонија

- Society for the Protection of Prespa ( http://www.spp.gr/spp/index.php??&lang=en) - Р.Грција

- PPNEA (http://www.ppnea.org/prespa_net.html)- Р.Албанија

Членовите на PrespaNet имаат долга историја на делување во Преспа и соработка со сите релевантни чинители, како што се владините институции, општините, националните паркови и секако локалните заедници. Во март 2013 година ја основаа Преспанет за интегрирана заштита и развој на Преспа.`

За делувањето на PrespaNet може да се информирате на  веб страната  http://prespanet.wordpress.com/ ``

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.