S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Соопштение бр.27/2014 од Служба за прогноза и сигнализација

Врз основа на податоците кои се добиени од феромонските мамци, во реоните на Крани, Арвати, Подмочани, Рајца, Езерени, Горно Дупени, Долно Перово и Царев Двор е надминат економскиот праг од 5 – 7 пеперутки на јаболковиот црв во текот на една недела по феромон.

Затоа се препорачува да се изврши третирање со соодветни инсектициди (наменети за сузбивање на јаболковиот црв) во периодот од два до три дена.
Во реоните на Царев Двор и Долно Перово доколку производителите имаат третирано при првото надминување на економскиот праг (Соопштение бр. 26) нема потреба да третираат.
За сузбивање на јаболковиот црв може да се користат инсектициди со следниве активни материи: Дифлубензурон, Тефлубензурон, Трифлумурон, Новалурон, Луфенурон, Флуфеноксурон, Спиносад, Тиаклоприд, Флубендиамид, Метоксифенозид, Хлорантранилипроле и други.
Ресен, 02. 07. 2014

Здружение на овоштари “Благој А. Котларовски”
Служба за прогноза и сигнализација
Дипл. Земј. Инж. – Фитомедицина Ефтим Петковски
Контакт:
Тел. 078 – 389 – 897
e – mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.