S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Соопштение бр.34/2014 од Служба за прогноза и сигнализација

Врз основа на податоците кои се добиени од феромонските мамци, во реоните  на  Царев Двор и Златари  е  надминат економскиот праг од 5 – 7 пеперутки на јаболковиот црв во текот на една недела по феромон.  И затоа се препорачува да се изврши третирање со соодветни инсектициди (наменети за сузбивање на јаболковиот црв)  во периодот  од два до три дена.

 

За сузбивање на јаболковиот црв може да се користат инсектициди со следниве активни материи: Индоксакарб, ХлорантранилипролеМетоксифенозид, Флубендиамид, Тау – ФлувалинатеИмидаклоприд, Тиаклоприд,  ТиометоксамХлорпирифос  метил, Хлорпирифос етил,  Диметоат,  Спиносад,  Дифлубензурон, Новалурон,  Луфенурон,  Bacillus thuringiensis.

Врз основа на податоците добиени од агрометереолошките станици, се оценува дека во реонот на Лавци се создадоа услови за 70% силна  конидиска инфекција на фузикладиум, во реоните на Горно Дупени,  Ресен и Езерени  има 55% услови за силна конидиска инфекција, додека во реонот на Јанковец  има околу 60% услови за силна конидиска инфекција на фузикладиум.  А во реонот на Крани  има околу 10% услови за силна конидиска инфекција.

Доколку производителите имаат истретирано во предходниве неколку дена, нема потреба да третираат.

Додека оние производители кои немаат третирано се препорачува во наредниве два до три дена штом дозволат временските услови да извршат третирање со мезосистемични или системични фунгициди во комбинација со контактни фунгициди.

Препорачани активни материи за сузбивање на краставоста: Дитианон, Додин, Фенаримол, Флусилазол, Фолпет, Хексаноксазол, Каптан, Крезоксим – метил, Метирам, Миклобутанил, Пириметанил + Флуквинконазол,  Трифлоксистробин, Трифорин, Толилфлуанид + Тебуконазол, Ципродинил, Флуазинам, Пенконазол, Дифенконазол, Манкозеб и други.

Бидејќи во овој период се врши летна резидба на ластарите се препорачува во оние насади каде што има повеќе пепелница или се забележува појава на пепелница механички да се одстрани, на тој начин ќе се намали инфективниот потенцијал за ластрите кои се во пораст но ќе се намали  и инфективниот потенцијал  за наредната година. Исто така се препорачува во оние насади каде што има појава на лисни  вошки  рачно да се одстранат ластарите.  

Ресен, 15. 07. 2014

 

 

Здружение на овоштари “Благој А. Котларовски”

Служба за прогноза и сигнализација

Дипл. Земј. Инж. – Фитомедицина  Ефтим Петковски

Контакт:

Тел. 078 – 389 – 897

e – mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.