S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Преспа
  • Register

Илинденска Честитка до граѓаните oд Градоначалникот на Општина Ресен

Градоначалникот на Општина Ресен  М-р Ѓоко Стрезовски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Општина Ресен и Република Македонија и до сите Македонци ширум светот.Во честитката стои:

 

 

Почитувани,

Би сакал најсрдечно да ви го честитам 2 Август, Илинден - Денот на Републиката. Благодарение на двата Илиндена, 1903 и 1944, кои се светилникот на нашата борба за сопствена држава, денес имаме можност да живееме во демократска, независна Република Македонија.И по 112 години од Илинденското востание и 71 година од Заседанието на АСНОМ, идеалите на илинденците и на асномците се дел од нашето секојдневје и дел од визијата за нашата иднина - просперитетна Република Македонија, држава на рамноправни граѓани. Затоа со полно право денес имаме причина за славје и гордост. Празнувајќи го и овој Илинден во Република Македонија и насекаде низ светот, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја. Врз темелите што тие ги поставија опстојува современа и самостојна Република Македонија.

Драги сограѓани, пред нас претстојат нови искушенија и предизвици. Обединети и сложни да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.

Нека е честит и вековит празникот.

М-р Ѓоко Стрезовски

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.