S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Делови од Преспа зафатени од големо невреме проследено со врнежи од град- ќе заседава општинскиот кризен штаб

Големо невреме проследено со 15 минутни поројни врнежи од град зафати делови од Преспа. Околу 15 часот денеска  на територијата на град Ресен , и во селските населби и атари на  Царев Двор, Дрмени, Јанковец, Болно , Избишта силно невреме проследено со врнежи од град кои во просек беа поголеми од 1 цм во дијаметар за 15 минути направи пустош во горенаведените делови од Преспа.

Исто така заради поројните врнежи на делови од градските улици се задржа поголемо количество на вода и наносен материјал од повисоките делови на Градот. Заради времетраењето и интензитетот на врнежите од град се претпоставува дека направени се големи штети во овоштарството во Преспа, а Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски за во 18 часот и 30 минути го свика да заседава  кризниот штаб при општина Ресен.

последната сликата е превземена од facebook и се однесува на приватен имот во с.Дрмени

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.