S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Првична процена околу 70 % од овошните насади во Преспа зафатени со град

Доцна попладнево заседаваше Општинскиот кризен штаб, предводен од Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски, со цел да се превземат првичните неопходни мерки и да се согледа состојбата по големите врнежи на град кои зафатија поголем дел од Преспа и кои нанесоа штети врз овошните насади низ општината.

 

На состанокот беше изнесена од страна на претставници на подрачната МЗШВ првичната процена дека околу 70 % од овошните насади во Преспа  или околу 3000 хектари се погодини од денешниот град кој со различна големина околу 15 часот погоди поголеми делови на Преспа.Првичните процени по подрачја варираат со штета на насадите од 50-100% оштетувањеИсто така за првично согледување на штетите вечерва во Ресен се очекува да дојде и Заменик Министерот за Земјоделство Ванчо Костадиновски.

Од страна на Општина Ресен беше истакнато дека најверојатно уште од утре ќе се формираат неколку комисии за процена на штети кои ќе имаат задача да направат целосна процена на штета врз овогодинешниот род на јаболката во Преспа.

На состанокот на кризниот штаб на ЈКП пролетер и на противпожарната единица им беше дадена задача да ги расчистат улиците и јавните површини од насобраниот материјал по поројните врнежи. Присутните меѓу другото беа информирани дека поројните врнежи не влијаеа на нормалното снабдување со вода, додека пак од страна на ТППЕ Ресен добиена беше информации дека по удар на гром предизвикан е пожар во помошен објект во с.Наколец кој е локализиран.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.