S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Јавен Повик за пријавување на штети од елементарна непогода Град која ја зафати територијата на Општина Ресен на 22.07.2014

Согласно работењето на Општината Ресен , а по настанатите штети од невремето проследено со силни врнежи од град  кое зафати делови од Општина Ресен  на ден 22.07 .2014 г.  ,Градоначалникот на Општината Ресен М-р Ѓоко Стрезовски   на ден 23.07 .2014 г  донесе  Решение  под бр.08-2240/1   за формирање на  пет Општински  Комисии   за процена   и утврдување на штетата од елементарни непогоди – Град. За да им се излезе во пресрет на граѓаните кои имаат претрпено штета од поројните дождови и градот кој зафати делови од Општина Ресен се ПОВИКУВААТ ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ПРИЈАВАТ ШТЕТАТА  НА НАЧИН:

 

-       СО ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА ПРЕТРПЕНИ ШТЕТИ ДО ОПШТИНА РЕСЕН.

1.    Пријавата се добива во општина Ресен или може да се спушти на следниов линк

2.    Со пријавата се поднесуваат : Копија од Имотен Лист ( копија од договор за закуп-кога имотниот лист не е на име на барателот),Копија од Лична Карта,Копија од трансакциона сметка.

Пријавите може да се поднесат во просториите на Општина Ресен, секој ден од 24.07 до 01.08 .2014 , 08 до 18 часот. Во деновите 27.07. ( недела) и 28.07.(државен празник) , барањата ќе се примаат од 08-12 часот..

По прибирањето на пријавите петте комисии ќе пристапат кон теренско утврдување на штети по што ќе изготват збирен елаборат кој ќе се поднеси на усвојување до Советот на Општина Ресен и до соодветните владини тела.

 

 

Општина Ресен

 

23.07.2014

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.