S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Министерот за Земјоделие Цветков во посета на погодените реони во Преспа

Денеска во посета на Општина Ресен беше Министерот за Земјоделство,Шумарство и Водостопанство г-дин Михаил Цветков и Министерот без ресор во Владата на РМ Фуркан Чаку кои ги посетија локациите кои беа најпогодени од невремето проследено со град кое ја зафати општина Ресен на 22.07.2014 година.

Високите владини претставници остварија средба со Градоначалникот на општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски , со претставници на кризниот штаб и со здруженија на овоштари и фармери од општината. Министерот Цветков се запозна со моменталната состојба на терен и со начините и организацијата на општинските комисии за процена на штети, меѓудругото информира дека на Владината седница која се одржа во текот на вчерерашниот ден формирана е Владина комисија за процена на штети која во најскоро време ќе изврши увид на погодените подрачја по што ќе се превземат адекватни чекори.

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.