S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка по повод Рамазан Бајрам на Градоначалникот Стрезовски

Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски, во свое име и во името на Општина Ресен , упати честитка до сите граѓаните од исламска вероисповед во Општината и во  Република Македонија по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

``Чест ми е во мое лично име, и во име на Општината Ресен на сите верници од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан-бајрам и завршувањето на рамазанските пости. 

Посакувам празничните денови да ги минете во среќа, радост и добро здравје, во кругот на семејството и на најблиските. Цврстите семејни и пријателски врски остануваат темел на личната среќа и успех во заедницата и затоа овие празнични денови се особено важни бидејќи овозможуваат и покрај секојдневните обврски да се одвои време и за домот и за семејството.

И оваа година, со завршувањето на рамазанските пости во најсветиот месец за Вас - Рамазан, започнуваат големите Бајрамски празнувања. И оваа година, нека Ве води бајрамската молитва, нека Ви донесе многу убави нешта, нека ја истакне солидарноста и милостивоста, нека ја зајакне меѓусебната почит и толеранција, нека донесе добри дела и убави мисли.

Сакам да укажам дека  повторно во нашата локална заедница се  покажа колку општеството ги почитува старите и проверени традиции на заеднички живот и пријателство, при што припадниците на различните верски заедници со заемно почитување ги уважуваат меѓусебните празници``- стои во честитката на Градоначалникот Стрезовски.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.