S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Започнаа 41-те Љубански Иселенички Средби

Со пригодно културно забавна програма во Љубојно на месноста Полана синоча започнаа традиционалните 41 по ред Љубански Иселенички Илинденски Средби.Пред поголем број присутни жители од Љубојно и околните долнопреспански села како и пред голем број наши иселеници од овој крај за отворени 41-те Љубански средби ги прогласи Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски.

Во своето пригодно обраќање Стрезовски меѓудругото истакна:

``Горд сум што денес сум тука заедно со вас во ова славно преспанско село кое повеќепати низ историјата покажало и докажало дека застанувало на браникот на слободата  на македонскиот народ и секогаш несебично се жртвувало за вечните идеали на македонскиот народ за самостојна и незавсна Македонија...Борбата за Македонија никогаш не запира, денес тоа е борба да создадеме услови за подабар живот свесно решавајќи  ги предизвиците кои ги носи сегашноста. Од таа гледна точка во Општина Ресен во изминатиот период системски се решаваат проблемите ,со сопствени сили и со помош и подршка на Владата на Република Македонија.Оваа средба сакам да ја искористам да упатам и апел до нашата дијаспора, посебно до нашите вредни преспанчани кои патот за егзистенција ги одвел во туѓина и кои сега се етаблирани и познати стопанственици во дијаспората, да ја разгледаат можноста да инвестираат во своето родно место.На оние кои размислуваат да вложат во Преспа, ние како Општина максимално ќе им помогнеме да ја реализираат својата инвестиција, зошто длабоко веруваме дека  така нашите роднини и пријатели, преспанчани во Америка, Австралија, Канада, Западна Европа најдобро можат да и помогнат на Преспа.``- нагласи Стрезовски.

На првиот ден од оваа традиционална манифестација присутните имаа можност да проследат настапи на неколку фолк ѕвезди како и сплет од ора и танци во изведба на КУД ``Мирче Ацев`` од Тополчани. Денеска согласно програмата ќе се одржи свечена богослужба во манастирот Св.Илија и ќе  се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите илинденци  за кои пред куќата на Калајџиевци ќе се одржи и панихида. По традиционалното дефиле низ Љубанските улици ќе продолжи културно забавната програма во текот на целиот ден.

 

 

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.