S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Учесници од Школата за Млади Лидери го посетија Ресен

Општина Ресен денеска беше домаќин на дел од учесниците на Школата за Млади Лидери која по пети пат се одржува под покровителство на претседателот на Република македонија Ѓорге Иванов.

Тимот на млади лидери  заедно со својот ментор имеше можност денеска директно од Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски , од Секретарот на Општината Гоце Соколевски како и од претставници на општинската администрација да се информира за начинот на работата на општината но во исто време да ги согледа и потенцијалите, предизвиците и проблемите кои се присутни во нашата општина.

По одржаните презентации, младите лидери со своите ментори ќе предложат одржливи решенија за претставените проблеми, а предлог-проектите ќе им бидат доставени до градоначалниците на  трите општини Ресен, Охрид и Вевечани каде денеска во склоп на школата се одржаа презентации и состаноци со учесниците на Школата за Млади Лидери.

На петтата по ред школа за млади лидери, што од 19 до 28 август се одржува во Охрид, учествуваат вкупно 40 учесници и 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Канада и Кина.

Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.