S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Соопштение 51/2014 од Служба за прогноза и сигнализација

Врз основа на податоците добиени од агрометереолошките станици, се оценува дека во реоните  на Јанковец, Ресен, Езерени, Крани, Горно Дупени, Лавци  и Покрвеник  се создадоа услови за 100% силна  конидиска инфекција на фузикладиум.     

 

Доколку производителите имаат истретирано во предходниве неколку дена, нема потреба да третираат.

Додека оние производители кои немаат третирано се препорачува во наредниве неколку дена штом дозволат временските услови да извршат третирање со мезосистемични или системични фунгициди во комбинација со контактни фунгициди, особено на осетливите сорти како што се чадел, муцу и црвен делишес.

Препорачани активни материи за сузбивање на краставоста: Дитианон, Додин, Фенаримол, Флусилазол, Фолпет, Хексаноксазол, Каптан, Крезоксим – метил, Метирам, Миклобутанил, Пириметанил + Флуквинконазол,  Трифлоксистробин, Трифорин, Толилфлуанид + Тебуконазол, Ципродинил, Флуазинам, Пенконазол, Дифенконазол, Манкозеб и други.

При примената на фунгициди и инсектициди, во овој период треба да  се внимава на каренцата на самиот пестицид, особено во оние насади каде што се планира порана берба и продажба на плодовите.

Ресен, 03. 09. 2014

Здружение на овоштари “Благој А. Котларовски”

Служба за прогноза и сигнализација

Дипл. Земј. Инж. – Фитомедицина  Ефтим Петковски

Контакт:

Тел. 078 – 389 – 897

e – mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.