S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Пуштено во функција осветлувањето на клучката Макази

Со пригодна церемонија синоќа беше ставено осветлувањето на клучката Макази какао дел од патот А3. Овој проект кој започна со реализација на почетокот од летото  во реализација на Општина Ресен заедно со Пелагонискиот Плански Регион преку средства од Бирото за регионален развој треба да овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот на оваа фрекфентен патен правец.

 

Градоначалникот на Општина Ресен за оваа прилика изјави дека овој проект е од особено значење за граѓаните на општината и во исто време за граѓаните на пелагонискиот регион како и за сите оние граѓани и учесници на сообраќајот кој го користат овој патен правец.

Директорката на ЦРППР Емилија Ѓероска заблагодарувајќи се за успешно реализираниот проект на изведувачот ја нагласи одличната соработка со Општина Ресен која ја има Центарот за Развој на Пелагонискиот Регион  и ја потврди спремноста за понатамошно заедничко аплицирање на проекти кои треба да го подобрат квалитетот на живопт на граѓаните.

 Со овој проект се поставуваат 31 канделабри со висина од 10 метри и алуминиумска обложена заштита на траса од 1400 метри со цел поголема безбедност на сообраќајот и заштеда на елекрична енергија

Поставувањето на светилките на оваа клучка ќе биде со исклучителен акцент на зачувување на електричната енергија, односно на остварување на заштета бидејќи ќе се работи во два режими. Во зависност дали станува збор за лето или зима светилките ќе работат со 100% јачина во првото време во ноќта, а додека пак во вториот дел од ноќта кога сообраќајот е намелен ќе работат со 50% со што директно се заштедува електрична енергија.

 

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.