S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Повик за учество на манифестацијата „Преспански Јаболкобер 2014“

Во чест на Јаболкото и отпочнување на бербата на јаболка, Општина Ресен по 14-ти пат ја организира манифестацијата „Преспански Јаболкобер“, која опфаќа активности од областа на земјоделието, културата, туризмот, уметноста и спортот. Оваа најголема стопанско-културна манифестација е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.

 

По повод годинешниот „Преспански Јаболкобер 2014“, кој ќе одржи од 25-ти до 27-ми Септември, Општина Ресен ќе биде домаќин на бројни гости и официјални лица од различни држави, како и лица кои го остваруваат својот интерес во областа на јаболковото производство.

Манифестацијата ќе биде медиумски покриена од страна на националните електронски, печатени и интернет медиуми.

„Преспански Јаболкобер 2014“ е можност и простор каде и Вие можете да извршите презентација и реклама на Вашите производи и услуги.

Доколу сте заинтересирани за учество на овој настан, Ве молиме Вашиот интерес и идеите за Ваша промоција да ги доставите најдоцна до 17.09.2014 година на еден од следните телефонски броеви 047-551-903 или 047-551-901.

Ќе ни претставува особена чест доколку и Вие бидете дел од овој настан

 

 

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.