S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Одржана Свечената Седница на Советот на Општина Ресен

Денеска во Големата сала на Општина Ресен се одржа Свечена Седница на Совет на Општина Ресен со која претседаваше Претседателот на Совет Д-р Менде Пашковски. Свечената седница се организира во чест на 70 години од Ослободувањето на Ресен и Преспа и 23 години од Независноста на Република Македонија

 Со оддавање на почит со едноминутно молчење, Советниците, Организацијата на Борци од Преспа, поголем број на јавни личности, бизнисмени и граѓани од општината се присетија на овие два значајни датуми од историското минато на Преспа и Република Македонија.

Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски во Својот елаборат пред присутните честитајќи ги овие два големи јубилеји се задржа на славното историско минато на Преспа се задржа на севкупните достигнувања во општината но во исто време отвори и дискусија за проблемот со демографската рецесија која ја зафаќа општината , меѓудругото Стрезовски истакна: 

"Според заводот за Статистика на Република Македонија, во 2013 година во Општина Ресен се родиле 138 новороденчиња, а починале 218 наши сограѓани, во 2012 година се родиле 144 новороденчиња а починале 232 наши сограѓани. Во 2012 во Општинава се склучиле само 109 бракови а 16 парови сопружници се развеле, во 2013 година во Преспа се склучиле 96 бракови а се развеле 12 парови  сопружници.

Според процените на државниот завод за статистика во Општина Ресен населението кое има над 60 години старост во 2013 година изнесува 3827 граѓани, а население до 14 години....замислете  само 1962 млади преспанчани.

Погледнете се меѓусебе, и запрашајте се, дали секој од вас не знае барем по неколку наши сограѓани кои се во поодминати години а кои немаат склучено брак, дали секој од вас не знае по некој пример на наши млади преспанчани кои се иселиле надвор од државата или по некој наш млад сограѓанин кој мигрирал кон Скопје .

Да си го поставиме заеднички прашањето за кого ние ќе градиме ако зад нас останат полупразни градски улици , напуштени села и затворени куќи???

Во решавањето на овој проблем и ние како општина ќе превземеме директни мерки, ќе размислиме да оформиме финасиска поддршка за секое новородено дете во општината, напорно ќе работиме на отворања на нови работни места во општината, ќе го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните во општината."

По свечената седница делегации положија свежи цвеќиња на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад и на поголем број споменици низ општината.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.