S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Претседателот Иванов ја посети Преспа

Денеска во работна посета на Општина Ресен беше Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов.Претседателот Иванов заедно со својот домаќин Градоначалникотна Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезски разговараа за тековните предизвици и проблеми со кои се соочува општината.

Меѓудругото на средбата на Претседателот со општинаското раководство и личности од јавниот живот во општината ги разгледаа и можностите за зголемена промоција на овој регион во насока на развојот на туризмот во Преспа.

Претседателот имаше и кратка посета на градилиштето каде во тек се изведбените работи за изградба на откупно-дистрибутивниот центарт на фирмата Епл Ленд каде се сретна со инвеститорите и изведувачите и каде беше запознаен со динамиката на изградба на овој објект во кој се полагаат големи очекување во однос на пласман на јаболката во Преспа.

За крај на посетата Претседателот Иванов го посети манистирот Рождество на Пресвета Богородица во с. Сливница каде беше запознаен со можностите за развој на манастирскиот туризам во Преспа.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.