S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Со изложба на дела од автори од Преспа означен почетокот на годинешниот Преспански Јаболкобер

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен,  сместен во познатиот ресенски Сарај, денеска беше отворена четвртата изложба на уметници од Преспа, со која беше означен почетокот на годинешниот Преспански јаболкобер.

Во делата на 28 уметници од различни генерации и со различни стилови на сликање посетителите можат да препознаат многу од колоритите на Преспа  и да уживаат во прекрасните анализи на карактерите на преспанските жители доловени со четката на нивните сограѓани. Меѓу најпознатите автори претставени на изложбата е и митрополитот Европски, отец Пимен.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски, кој им се заблагодари на авторите и за разубавувањето на годинешниот Јаболкобер, и за трајното збогатување на ресенската културна ризница, со подарувањето на делата на Домот на културата „Драги Тозија“. 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.