S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Во акцијата "Ајде Македонија" во Ресен собрани над 200 метри кубни отпад

Денеска во рамките на акцијата Ајде Македонија`` Во општина Ресен се организира акција за чистење на комуналниот отпад. Акцијата се спроведе во месноста Починалиште во близина на СОУ ‘’Цар Самоил``во Ресен и во неа зедоа учество ученици од основните училишта и средношколскиот центар во Ресен , вработени во Општина Ресен, Центарот за Управување со Кризи, Јавното Комунално Претпријатие ``Пролетер`` и граѓани од Ресен.

Исто така помали акции за чистење на училишните дворови се реализираа и во ОУ Мите богоевски и ОУ Гоце Делчев во Ресен. Околу 300 учесници успееја да соберат околу 200 метри кубни комунален отпад кој беше одложен во Градската Депонија во Ресен.

На акцијата се приклучи и Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски кој поздравувајќи ги денешните активности меѓудругото истакна : ``Ме радува што оваа акција за чистење на комуналниот отпад во нашата општина наиде на големо одобрување и масовно учество. Во иднина на локално ниво треба да се одржуваат повеќе вакви акции со што ќе се придонесе кон почиста животна средна во нашата локална заедница``

Акцијата се одржува трета година по ред во соработка со Министерството зa Животна Средина и Просторно Планирање на Република македонија.Намерата е да се поттикне активирање на јавноста на Македонија за чистење на расфрланиот комунален отпад, едукација за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад. 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.