S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Со европски пари се реконструира ресенската гимназија

Со пригодна свеченост денеска во Ресен во Просториите на СОУ Цар Самоил беше означен крајот на реконструкцијата на надворешната дограма во Средното Општинско Училиште .

Во текот на реализација на активностите преку проектот за   Унапредување на Енергетската Ефикасност кај јавните згради и заштита на животната средина од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција, во ресенската гимназија беа заменети 147 парчиња на надворешна дограма (прозори и врати) кои ги исполнуваат енергетските критериуми за енергетски ефикасен објект.

На свечениот чин на означување на крајот на реконструкцијата на надворешната дограма, Претседателот на Совет на Општина Ресен Д-р Методија Пашковски истакна дека придонесот кој го овозможува овој проект значи диретна заштеда на финасиски средства за средношколскиот центар во Ресен но во исто време воспоставените стандарди на овој објект ќе овозможат истиот да биде добар пример и за останатите објекти во општина Ресен.

Инаку Партнери во овај  ИПА проект се Општина Ресен , Здружението Архам од Битола, Општина Преспа и Факултетот за технички науки од Кожани од грчка страна.До сега преку бројни активности во проектот  се реализира  контрола на топлинска пропустливост на вкупно 50 јавни згради во двете земји, развој на два енергетски модели, издаден е водич за енергетска ефикасност кај објектите, формиран е регионален центар за енергетска ефикасност , а врз три објекти , два во Грција и ресенската гимназија, се имплементирани енергетски ефикасни мерки.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.