S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Презентирани резулататите од средбата со Министерот Цветков пред преспанските овоштари

На иницијатива на локалната самоуправа од Ресен заедно со надворешните членови кои претходната недела имаа работна средба со Министерот за Земјоделие Цветков,вчера на 05.12.2014 година со почеток од 17 часот во големата сала на  Општина Ресен се одржа информативен состанок со преспанските фармери  со цел да се информираат овоштарите за резулататите од реализиранната средба. На состанокот беше присутен грaдоначалникот на општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски,ачалникот на подрачната единица на МЗШВ Сашко Андреевски,В.Д.претседателот на на Здружението на овоштари ``Благоја А.Котларовски ``,Љубе Пампулевски, и Менде Ивановски Pретседател на земјоделската задруга РЕС-ГРУП од Ресен.

 

Тие ги образложиjа точките по кои што се разговарало со министерот со акцент ставен на следниве теми: што побрзо исплата на средствата обезбедени како оштета од елементарната непогода-град,проблемите околу откупот на јаболкото,како и редовна и навремена исплата на субвенциите

Градоначалникот Стрезовски им се обрати на присутните со барање овоштарите да се организираат ,да се консолидираат се со цел да бидат поуспешни во своите барања и им вети дека ќе биде со нив и ќе ја подржи секоја нивна одлука,и се со цел решавање на  горливиот проблем на ресенчани пласманот и откупот на јаболката.

Началникот на подрачната единица на МЗШВ Сашко Андреевски ги извести присутните дека  според календарот за исплата на субвенциите за 2014  , истите се во тек на обработка  и треба  да се исплатат до крајот на јануари 2015.

В.Д.претседателот на на Здружението на овоштари “Благоја А.Котларовски” -Љубе Пампулевски упати јавен апел до сите присутни да почнат да се организираат во здруженија или земјоделски задруги со цел поглема ефикасност во решавање на нивните проблеми.

После обраќањето на Менде Ивановски претседател на земјоделската задруга РЕС-ГРУП од Ресен, се разви дискусија од страна на присутните овоштари.Се даваа предлози и се разговараше за брендирање на преспанското јаболко,поголема промоција ,формирање на заштитна цена на јаболкото,а најмногу за изнаоѓање нови пазари за пласман.

Состанокот заврши со ветување дека ќе бидат искористени сите расположиви средства и начини од страна на Градоначалникот ,здружениата и задругите за да се реши овај проблемот со откупната цена на преспанските јаболка .

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.