S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Свечено отворена реновираната зоолошка во Битола

Денеска во Битола во присуство на Претседателот на државата Ѓорге Иванов, заменикот министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов , преставникот на Европската унија, Робин Лидл, градоначалниците од Пелагонискиот регион и Директорката на ЦРППР беше свечено пуштена во употреба реновираната Зоолошка градина.

 

Зоолошлка градина е реконструирана со средства од ИПА програмата за прекугранична соработка, а вкупната инвестиција за изградата на 6 нови живеалишта за животните, како и изгрдабата на другите инфраструктурни  објекти чинеше над 1,2  милиони евра, од кои 700 илјади евра  ги донираше Европската унија од ИПА програмата ,а  над 600.000 евра  Владата на Република Макеоднија. 
Од вкупните средства што ги додели Европската унија 1,2 милиони евра за овој проект , 500.000 евра беа за реконструкцијата на зоолошката градина во Лерин. 
Со реконструкцијата на  зоолошката градина Битола не се стекна само со модерна зоолошка градина, во која животните ќе имаат одлични услови за живење,  по сите европски стандарди, туку таа ќе стане и регионална зоолошка градина,  која ќе можат да ја посетуваат и најмладите од другите соседни градови  како и од соседна Грција. 
На свеченииот настан Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски и Секретарот на Општина Ресен г-дин Гоце Соколевски остварија неформални средби со поголем број на личности од јавниот живот во пелагонискиот регион насочено кон можности на интензивирање на соработката внатре во пелагонискиот регион.На овој свечен настан присуствуваа и 30-на ученици од ОУ Гоце Делчев и ОУ Мите Богоевски од Ресен .

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.