S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Владата апелира да се искористи можноста од изработка на бесплатни елаборати

Можноста да добијат бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградбите корисниците на социјална и постојана парична помош и лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно трае до декември оваа година.

 

Од тие причини од Владата апелираат граѓаните што побрзо ги поднесуваат барањата  толку побргу ќе добијат легализација и сопственост на имотот.

„Агенцијата за катастар по службена должност ќе изготви елаборат за легализација на дивите градби за лицата со ниски примања, како и за корисниците на социјална помош. Корисниците на социјална помош треба да извадат потврда од Центарот за социјални работи, а оние со ниски примања потребно е да извадат потврда од УЈП за годишните примања и да достават барање до Агенцијата за катастар,“ изјави премиерот, Никола Груевски на денешната прес конференција.

Од средината на минататат година, од кога тече рокот, до Агенцијата за катастар на недвижности се поднесени 1.900 барања, а проценките на институциите се дека се работи на опфат на лица помеѓу 10 и 15. 000. ­

 

За реализирање на мерката за бесплатни елаборати  за корисниците на социјална и постојана парична помош и со ниски  примања Собранието на 30 јули 2014 година изгласа измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.а реализирање на мерката за бесплатни елаборати  за корисниците на социјална и постојана парична помош и со ниски  примања Собранието на 30 јули изгласа измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.