S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Продолжува изградбата на тротоари во Ресен

Денеска  со започнување  градежно изведбени работи на улицата Иво Лола Рибар во Ресен   продолжи со реализација  активноста поврзана со  изградба на тротоарите низ повеќе градски улици . Во минатогодишната акција за изградба на тротоари беа опфатени улиците Корчуланска, Ленинова,11 Октомври и Борис Кидрич при што беа изградени тротоари со површина над 5500 м2 , додека пак Општина Ресен за оваа година планира изградба на над 2500 м2 тротоари на улиците Иво Лола Рибар и Мите Богоевски.
На денешното продолжување на градежно изведбените работи присуствуваше Градоначалникот  на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски при што истакна дека по завршување на овие активности ќе се пристапи кон подготовка за изградба на тротоари на сите останати улици во Ресен и Преспа односно онаму каде што недостасуваат елементарни услови за живеење и активност на нашите сограѓани.
Оваа инвестиција во изградба на тротоарскиот систем во Ресен е обезбедана од Буџетот на Општина Ресен во износ од над 5 милиони денари
 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.