S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Соопшетние бр.6 од Служба за прогноза и сигнализација

Врз основа на податоците добиени од агрометереолошките станици, се оценува дека во реоните на Јанковец, Езерени, Горно Дупени, Лавци и Покрвеник се создадоа услови за 100% силна инфекција од аскоспорите на чадливата краставост, во реонот на Крани 50%. Се препорачува во наредниве неколку дена штом дозволат временските услови, оние производители кои немаат третирано подолг временски период да извршат третирање со мезосистемични или системични фунгициди во комбинација со контактни фунгициди


Препорачани активни материи:
• Активни материи наменети за сузбивање на краставоста: Дитианон, Додин, Фенаримол, Флусилазол, Фолпет, Хексаноксазол, Каптан, Крезоксим – метил, Метирам, Миклобутанил, Пириметанил + Флуквинконазол, Трифлоксистробин, Трифорин, Толилфлуанид + Тебуконазол, Ципродинил, Флуазинам, Пенконазол, Дифенконазол, Манкозеб и други. 
Во оние реони на Преспа каде што заврна град и направи позначителни штети, се препорачува производителите да извршат превентивно третирање против секундарните патогени на јаболкото, кои во најголем број на случаеви вршат инфекции преку рани кои се причинети од град. 
• За оваа цел може да се користат следниве активни материи: Трифлоксистробин, фенбуконазол, толилфлуанид, боскалид + пираклостробин, каптан и др.

Ресен, 
18.05.2015
Здружение на овоштари “Благој А. Котларовски”
Служба за прогноза и сигнализација
М-р Ефтим Петковски
Контакт: тел. 078 – 389 – 897, e – mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.